Петар Печков
Објавено: вторник, 05 јануари 2010
- Оваа студија, која е регионална, ќе треба да ги посочи можните локации за регионална депонија, како и моделот на управување со неа и отпадот. Проектот ќе се реализира во првата половина од следната година, во соработка со АСА, реномирана австриска компанија која работи на управување на отпад и со големо искуство во оваа област – изјави Александар Бузалков директор на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион кој заедно со општина Велес конкурираше за овој проект и е прифатен од ОЕК Банката. На овој начин ќе треба да се најде локација каде да се смести сметот и отпадот од осум општини и 120 илјади нејзини жители, кои ги опфаќа овој регион.
- Бидејќи во државата сеуште нема интегрална студија, која би ги одредила потенцијалните локации во Македонија, затоа е потребно ние како локална власт да го решиме овој постоен проблем. Затоа е неопходно стручно мислење кое ние го обезбедивме преку странска донација за да ја дознаеме можната оптимална локација на оваа регионална депонија за отпад – вели Горан Петров, градоначалник на Велес.